Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Литургија на празникот на Покров на Пресвета Богородица во штипско Ново Село (14.10.2015 22:23)

На 14.10.2015 година, на празникот на Покров на Пресвета Богородица, а кога се слави и свети Јован Кукузел, надлежениот Митрополит Брегалнички г. Иларион и Митрополитот Тетовско – Гостиварски г. Јосиф, во храмот посветен на Покров на Пресвета Богородица во штипско Ново Село, отслужија Света Архиерејска Литургија во сослужение на свештеници од Брегалничката и Тетовско-гостиварската епархија. На Светата Литургија присуствуваше многуброен народ. По ова Митрополитите го посетија храмот на Успение на Пресвета Богородица во штипско Ново Село и соборниот храм на свети Николај во Штип.

 

 

 

 

 

 

 

 

   

    

    

    

Извор: Тетовско-гостиварска епархија