Vesti i nastani
 
 
 
 
 

МИЗАР, концерт (21.02.2005)

Синоќа во Универзалната сала во Скопје беше одржан концерт на култ групата Мизар. Ви пренесуваме дел од рецензијата на музичкиот критичар Јанко Илковски, кон промоцијата на нивниот последен албум – колекција песни наречена Кобна убавина, поместена во последното издание на православното списание Премин, излезено од печат неодамна.

 

Мизар секогаш не само што биле големи уметници и соодветно на тоа создавале дела со висока естетска вредност, тие секогаш биле во дослух и сочувство со времето во кое живееле препознавајќи ги главните и КОБНИ аспекти на светот, тука ни се пренесени како епско и лирско дело со силни и бескомпромисни емоции. Ако народниот творец ја опеал 1762 и оставил вечна трага за трагедијата на еден народ, 300 години подоцна Мизар создава дело за век и веков, аманет за идните генерации со песната Амфилохиј. Кој ќе го препознае ова дело е само право на личен избор, но Амфилохиј, високо се издига над целиот материјал со својата жестина на огнениот меч кој го носи во текстот и истовремено со епски повик до небесата да бидат сведоци на клекнатиот кој се моли, со до крв загризана уста, за немо сведоштво и за подадена рака за спас од падот, без какво било обиколување, недвосмислено укажува и со прст насочен точно меѓу очите на конкретна трагедија на човековиот дух, онтолошко промашување. Амфилохиј е сигурно песна која ќе донесе контроверза и за која ќе се говори, но која ќе остане како кобна убавина да нѐ потсетува на едно од најголемите предавства што овој народ ги доживеал, овојпат не само како тажна песна пренесена над колевката и со солзи наследени од предците туку доживеана како лична трагедија.“

  

               

 

И не вредат веќе ништо

илјадници зборови

сал скаредни срамни слова

во мртвите томоси.

 

Од вашето перо течат

мастила отровни

и црни се траги лепат

на прстите валкани.

 

Раширени раце

во име на љубовта

затворени очи

во име на правдата.

 

А изградив дом на брегот

со порти отворени

но видовте само слабост само слабост

на кутар и нејак плен.

 

О несвет и беден отче,

се затемни светол ден

ќе пресечам десна рака

што кон вас се подаде.                                                                                             

 

Раширени раце

во име на љубовта

затворени очи

во име на правдата.

Подари ми насмев

надмен господарски

и пак распни Го Оној што божем Го сведочиш.                                                           

Избриши си раце со хартии безвредни

и кажи го зборот

што ништо не значи.

 

(Со кликнување на музичкиот знак песната ја добивате тонски.)

 

 

Автор:

Мизар

Име на албумот:

Кобна убавина (terrible beauty is born)

Членови на Мизар:

Горан Трајкоски, Горазд Чаповски, Жарко Серафимовски, Илија Стојановски, Владимир Каевски

Песни:

- амфилохиј

- почесна стрелба

- во мојот сон

- blood red sun

- 1762

- of mice and men

- terrible beauty is born

- ова не е мојот дом

- јуда

- разговор со слепите

- the cars hiss

- армакедон

- градот е нем (незапишана сокриена тема)