Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Свечена прослава по повод матурирањето на 49-тата генерација богослови (18.06.2017 20:16)

На 10 јуни 2017 година, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан присуствуваше на свечената прослава по повод матурирањето на 49-тата генерација богослови при Македонската Православна Богословија „Свети Климент Охридски“, во Драчево, Скопје. Покрај Неговото блаженство, на свеченоста присуствуваа и Митрополитот преспанско-пелагониски г. Петар, Митрополитот повардарски и ректор на Богословијата г. Агатангел, Митрополитот брегалнички г. Иларион, митрополитот тетовско-гостиварски и овогодишен синодски пратеник на матурските испити г. Јосиф, деканот на Богословскиот факултет „Свети Климент Охридски“ проф-др Ѓоко Ѓоргевски, сиот професорски колегуим при Богословијата, професори од Богословскиот факултет, и јереји од различни епархии при Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија, сите собрани заедни за да ја споделат радоста на новодипломираните богослови, и да им посакаат успешно понатамошно духовно и интелектуално надградување, и долговековна плодотворна работа на нивата Господова. 

 

 

Извор: Скопска епархија