Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Премиерот на Р. Бугарија и премиерот на Р. Македонија во посета на Водочкиот манастир (23-11-2017 01:08)

Денес, претседателот на Владата на Р. Бугарија, г. Бојко Борисов, и претседателот на Владата на Р. Македонија, г. Зоран Заев, беа во посета на Водочкиот манастир во Струмица. Гостите ги примија Митрополитот Струмички г. Наум, Митрополитот Европски г. Пимен, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф.

При посетата, а по повод 50-годишнината од возобновувањето на автокефалноста на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Митрополитот Струмички г. Наум им додели столен медал од прв ред, од редот на Светиот Македонски Крст, на премиерот г. Бојко Борисов и премиерот г. Зоран Заев, поради особен придонес и залагање во севкупниот напредок и афирмација на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.