Vesti i nastani
 
 
 
 
 

„Православен календар“ – нова верзија на Андроид апликацијата за 2019 година (01.01.2019 11:28)

Од 1 јануари 2019 година, петта година по ред, е достапна обновената, бесплатна верзија на апликацијата „Православен календар“ за 2019 година, во издание на манастирот „Воведение на Пресвета Богородица Елеуса“, Велјуса, која содржи: евангелско четиво на денот и празникот, правило за пост, поуки од Светите отци, житија на светители, како и тропари за поголемите празници.