Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Поклоничко патување во Италија (19.04.2019 11:42)

ТУРИСТИЧКАТА АГЕНЦИЈА ДАРО КОМПАНИ, ПО ПОВОД 1150 ГОДИНИ ОД УПОКОЈУВАЊЕТО НА СВЕТИ КИРИЛ СОЛУНСКИ, ОРГАНИЗИРА ПОКЛОНИЧКО ПАТУВАЊЕ ВО ЧЕСТ НА СВЕТИ КИРИЛ СОЛУНСКИ, СВЕТИ КЛИМЕНТ РИМСКИ, СВЕТИ НИКОЛАЈ, СВЕТИ СТЕФАН, СВЕТИ КУЗМАН И СВЕТИ ДАМЈАН, СВЕТИ ЈОВАН ВЛАДИМИР И СВЕТИ КОЗМА ЕТОЛСКИ ВО ИТАЛИЈА И АЛБАНИЈА

 

22 - 27 МАЈ 2019 ГОДИНА

 

Туристичката агенција ДАРО КОМПАНИ, лиценца А бр. 680, тел. 071-311-014 (www.darokompani.com.mk & facebook), во соработка со Скопската православна епархија и со благослов на Негово Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, организира поклоничко патување во чест на свети Кирил Солунски, свети Климент Римски, свети Николај, свети Стефан, свети Кузман и свети Дамјан, свети Јован Владимир и свети Козма Етолски - Албанија и Италија.

 

1 ДЕН (22. 05. 2019, СРЕДА): Состанок со групата во 08:00ч пред храмот Пресвета Богородица во Скопје, па заминување кон Приштина и посета на манастирот Успение на Пресвета Богородица - Грачаница (1321 година, а од 2006 година е под заштита на УНЕСКО). По посетата на манастирот, патувањето продолжува кон Драч - Албанија, следи сместување на брод и продолжување на патот кон Италија (ноќно возење).

 

2 ДЕН (23. 05. 2019, ЧЕТВРТОК): Пристигнувањето во Бари е предвидено во утринските часови, потоа следи продолжување на патот кон градот Путињано и посета на храмот Санта Марија ла Грека и поклонување на моштите од свети архиѓакон Стефан, а во продолжение на денот ќе се посети и градот Алберобело, градот од 1996 година е под заштита на УНЕСКО. Во продолжение на денот е предвидено пристигнување во околината на Рим каде што ќе се ноќева.

 

 3 ДЕН (24. 05. 2019, ПЕТОК): РИМ. Појадок. По појадокот заминување со метро за разгледување на градот: базиликите: Санта Марија Маџоре, Свети Петар во окови, Сан Клементе (Тука е предвидео присуство на молебниот во чест на свети Кирил. Со молебниот ќе чиноначалствува, Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан со свештенството), Колосеумот, Римскиот Форум (стариот град), Кампидолио и плоштадот Венеција. Слободно време, а потоа враќање во хотел. Ноќевање.

 

4 ДЕН (25. 05. 2019 САБОТА): РИМ-ВАТИКАН. Појадок. По појадокот заминување со метро за разгледување на Рим и Ватикан: Ватиканските музеи и Систинската капела - ремек дело на Микеланџело заедно со базиликата Свети Петар, Адриановата палата, Пантенонот (Храмот на сите богови), Пјаца Навона, Фонтана ди Теви и Шпанските скали. Слободно време за индивидуално разгледување на градот. Состанок на групата на определено место и враќање во хотелот. Ноќевање.

 

5 ДЕН (26. 05. 2019, НЕДЕЛА): РИМ-БАРИ. Појадок. По појадокот, одјавување од хотелот и заминување за Битонто и посета на базиликата посветена на Свети Кузман и Свети Дамјан и поклонување на моштите од светителите. По ова следи продолжување на патувањето кон градот Бари и посета на базиликата Свети Николај, каде што ќе се отслужи молебниот на светителот и ќе се поклониме на неговите мошти. Потоа следи заминување во пристаништето на Бари и сместување на брод и продолжување на патот кон Албанија (ноќно возење).

 

                6 ДЕН (27. 05. 2019, ПОНЕДЕЛНИК): Пристигнувањето во Драч е предвидено во утринските часови, а потоа патувањето ќе продолжи кон Тирана каде што е предвидена и посета на соборниот храм Воскресение Христово и поклонување пред моштите на свети Јован Владимир и свети Козма Етолски. По ова следи заминување за Македонија.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 16.300 ДЕНАРИ

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

·         Автобуски превоз на горенаведената дестинација.

·         Лиценциран пратител за меѓународни патувања.

·         Превоз со брод и платени такси за пристаништа на релација Драч-Бари-Драч.

·         3 ноќевања со појадок во околина на Рим во хотел со 3*.

·         Меѓународно патничко осигурување.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКУЧУВА:

·         Доплата за еднокреветна соба € 15 од ноќ.

·         Доплата за кревет во четворокреветна кабина на брод опремена со бања и постелнина € 15 во еден правец, за ова опција треба да се потврди 7 дена пред дпоаѓање.

·         Билет за метро € 1,50 за 100 минути возење.

·         Туристичка такса за Рим по ден од € 3-5 се плаќа на рецепција.

·         Посета на Ватиканските музеи и Сикстинската капела со резервација за влегување, влезница, водич и слушалици € 40, за ова посета треба да се потврди 7 дена пред дпоаѓање.

Последен рок за пријавување е 16 МАЈ 2019 година. Личните податоци може да се испратат и по интернет: име и презиме, матичен број, број на пасош и контак телефон. За сите информации може да се обратите на проф. Момчило Павловиќ лиценциран водич, лиценца број 125, секој ден по 13:00 часот, на телефон 070-582-588 или на e-mail: pavlovicm1@yahoo.com  Viber, WhatsApp или на  Facebook Momcilo Pavlovic

Жиро сметка: ДППУ Даро Компани ДООЕЛ - Куманово, Централна Кооперативна Банка 320100004091752

ЦЕЛ НА ДОЗНАКА: Патување во Италија