Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Соопштение (09.06.2021 13:15)

Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква ‒ Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), го поддржува процесот за имунизација на населението, сметајќи го за потребен во надминувањето на кризата со Коронавирусот. Во таа насока, САС се оградува од изнесените лични ставови на свештеникот Стеван Здравевски, од Преспанско-пелагониската епархија, искажани околу сесветската пандемија од Ковид - 19, коишто не се во согласност со учењето и исповедањето на православната вера.

САС апелира до верниот народ, свештенството и монаштвото, да не бидат воведени во заблуда од ваквите погрешни ставови, внимавајќи и на пројавената намера за создавање култ од нечија личност.

Се препорачува на епархискиот архијереј да ги има предвид изјавите и повиците на споменатиот свештеник и да постапи согласно на своите надлежности.

 

Од Канцеларијата на САС на МПЦ – ОА