Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Божествена Литургија во Лешочкиот манастир (21.06.2021 14:05)

Денес, по повод 250-годишнината од раѓањето на игуменот Кирил Пејчиновиќ, надлежниот Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение со Митрополитот Европски г. Пимен и викарниот Епископ г. Јаков Стобиски отслужи Божествена Литургија во главната манастирска црква „Свети Атанасиј“, во Лешочкиот манастир. По Литургијата, беше отслужен помен на гробот на игуменот Кирил Пејчиновиќ, што се наоѓа во манастирскиот комплекс.