Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Декретот на јорданскиот крал Абдулах со ратификација на отповикувањето на г. Иринеј од функцијата Ерусалимски Патријарх објавен вчера попладне (21.05.2005)

Вчера попладне, со Кралски декрет Јордан ја ратификуваше одлуката на Јорданскиот Кабинет за отповикување на патријатхот Иринеј. Декретот на Кралот Абдулах објавен во 6 часот и некоја минута попладне по грчко време, а врз основа на Законот од 1958 година, го отстранува г. Иринеј од неговата функција Ерусалимски Патријарх. Дејствијата на Јордан ќе предизвикаат понатамошни случувања бидејќи со нив им се дава зелено светло на братството на Светиот Гроб и на Фанар за избор на помошник-патријарх кој ќе раководи со предизборните процедури. Се очекува декретот да биде објавен во владиниот весник во наредниве денови, а потоа да биде ѝ биде доставен на Патријаршијата. До овој момент немаше официјална реакција од страна на г. Иринеј. Но, според информација на дописникот на НЕТ од Ерусалим, Панос Харитос, г. Иринеј е упатен да им го предаде случајот на израелските правосудни органи. (http://news.ert.gr/en/newsDetails.asp?ID=8087)

 

 

Вчера наутро, постојаниот Свет Синод на Грчката Православна Црква одржа вонреден состанок во врска со Сеправославната конференција во Фанар во понеделник. Синодот го овласти Архиепископот Христодул, давајќи му одврзани раце во разрешувањето на случајот на Ерусалимската Патријаршија за време на Конференцијата и назначи Архиереи што ќе го придружуваат. Според соопштението на Митрополитот Сирошки г. Доротеј, пред да одлучи да го овласти Архиепископот Синодот беше запознат со постоечките пишани документи во врска со ерусалимската криза што беа на располагање. Како што подвлече г. Доротеј, Архиепископот одржал многу состаноци со контролори, Архиереи и други лица за да добие поцелосен увид во настаните. На крајот, тој изјави дека било одлучено на Конференцијата во Фанар да го придружуваат Филипонскиот Митрополит Прокопиј, главен во одделот за контрола, и самиот г. Доротеј. (http://news.ert.gr/en/newsDetails.asp?ID=8086)

 

Руската Православна Црква на Сеправославниот Собор во Истанбул, којшто по одлука на Цариградската Патријаршија ќе биде отворен на 23 мај, ќе ја претставува главниот во Одделот за надворешни црковни врски, Митрополитот Смоленски и Калининградски г. Кирил (Гундјаев). Митрополитот Кирил ќе го придружуваат заменик претседателот на Одделот, Егоревскиот Епископ Марк (Головков) и секретарот за меѓуправославни односи, протоерејот Николај Балашов, како и Сергеј Говорун, соработник на Одделот  (во својство на преведувач), јавува Интерфакс.

 

Членовите на Светиот Синод на Ерусалимската Православна Црква испратија писмо до Мени Мазузу, правен советник на Владата на Израел. Во писмото се бара „Израел да не се меша во внатрешните работи на Патријаршијата“  и полициската заштита на патријархот Иринеј да биде отстранета, бидејќи со своето присуство израелската полиција го попречува неговото практично отстранување. (Седмица. Ru)