За постот
|
||
Велигденски пости
Овој пост е посветен за подготовка и во чест и спомен на Воскресението на нашиот Господ и Спасител Исус Христос. Христос воскресна од мртвите и со Неговата смрт смртта ја уништи, а со Него и сите нас кои веруваме и одиме по Него н? совоскрена за да наследиме воскресение и живот вечен. Оваа зададеност Бог му ја дал на човекот уште во рајот, при што требало да исполни само една заповед: да се воздржува, т.е. да пости. Ако постот му бил потребен на човекот во рајот за да дојде до целта, тогаш уште повеќе му е потребен во оваа земја на отуѓеност и богоотстапништво. Вистинскиот пост во себе ги содржи и сите добродетели: покајанието, смирението, милосрдието, телесниот подвиг, а пред с?, молитвата. Постот без молитвата и останатите добродетели е само една обична физичка дисциплина, диета, па дури и суета и прелест. Постот е добродетел на Црквата, па според тоа има и соборни димензии, односно постиме и се подвизуваме не само за себе, туку и за сите други. Овој пост се пости строго без масло од понеделник до петок, освен сабота и недела кога се пости со масло. Два дена во текот на овој пост се јаде риба – на Благовештение и на Цветници, и тоа во зависност кога ќе се паднат. Првите три дена од постот монасите и поревносните христијани во светот држат тримир. Тоа е тридневен пост во целосно воздржување од јадење и пиење. Светите отци решиле овој пост да трае 40 дена како што постел Господ Исус Христос, и уште една недела, како тажна седмица, од влегувањето на Христос во Ерусалим с? до Воскресение. По Велигден е Светлата седмица и во таа седмица не се пости, а секој ден се оди во црква на Литургија. Треба да нагласиме дека начинот на постење опишан погоре е општо правило на Црквата, а секому му се одредува неговото лично правило со благослов на духовниот отец.
Светиот маченик Конон Исавриски
Во Христовата вера беше поучен и крстен во името на Пресвета Троица од самиот Архангел Михаил. Овој Божји Архистратиг го придружуваше с? до неговата маченичка смрт. Бидејќи беше просветлен и зајакнат од благодатта на Светиот Дух, срцето не го влечеше за ништо од светот но само кон духовното и небесното. Кога родителите насилно го оженија, првата вечер тој зеде свеќа, ја стави под поклопец и ? рече на својата жена: „Што е подобро, светлината или темнината?“ Таа рече: „Светлината“. Тогаш тој почна да ? зборува за верата во Христа и за духовниот живот како подобар и поубав од телесниот. Вака успеа и нејзе, а потоа и своите родители да ги приведе кон Христовата вера. Па тој и жена му живееја како брат и сестра. Набрзо му умреа родителите и жената, а тој наполно се повлече од светскиот живот и се предаде на молитва, пост и богомислие. Изврши големи чуда со кои мнозина ги обрати кон христијанство. Меѓу другото, ги принуди злите духови да му служат. При едно гонење беше фатен и мачен и сиот го избодија со ножеви. Со неговата крв се мачкаа болните и се исцелуваа. По ова поживеа уште две години во својот град и се престави кај Господ. Овој прекрасен светител живееше и пострада во 2 век.
Тропар
Господ Бог погледнувајќи на твојата честитост, те избра тебе како свој сад за благодат, испраќајќи го светиот архистратиг Михаил да те поучи, крсти и помага на патот на спасението. О свети Кононе, ти кој народ поведуваше во Божјо познание, демоните од тебе врзани со силата Христова на луѓето им послужуваа, моли се свети подвижниче, да останеме по твоите молитви Христови довека.
Светиот маченик Конон Градинарот
Родум од Назарет. Беше благ и незлоблив и во с ? угоден на Бога. Во времето на Декиевото гонење го мачеа за Христа. Но тој остана цврст во верата, а незнабожечките судии остро ги изобличи за нивното безумство. Со клинци во нозете, врзан за колата на кнезот, овој кроток и незлоблив светител го влечкаа с ? додека не изнемоште и падна. Тогаш за последен пат Му се помоли на Бога и Му го предаде својот дух во 251 година.
Тропар
Воздишки кои љубов точат подари на човекот кој во незнаење греши, о Кононе Христов војниче, страдањата срцето твое во молитва кон Бога го подигнаа, и откако прости, колена приклони и милост Божја за народот измоли. За нас сега Спасителот нека си спомне, по твоите свети молитви.
Преподобен Исихиј Постник
Роден е близу Бруса во 8 век. Но се оддалечи во една гора наречена Мајонис, злогласна заради демонските привиденија. Таму си направи себеси колиба и една црквичка во чест на Св. апостол Андреј. Самиот ја загради градината и ја обработуваше за да може да живее од својот труд. Со својата молитва твореше големи чуда. Прорече дека после неговата смрт на тоа место ќе биде устроен женски манастир. Еден месец пред смртта го провиде денот и мигот кога ќе се упокои. На полноќ во проречениот ден луѓето ја видоа неговата колиба огреана од необична светлина. И кога дојдоа го најдоа мртов. Го погребаа во црквата на Св. Андреј, а подоцна Теофилакт, амасискиот епископ, го пренесе во градот Амасија. Се упокои мирно и се пресели во Царството на својот Господ во 790 година.
Тропар
Пустината затворена за погледот човечки очи ти избистри, собеседник на ангелите те направи, а ти Христа Го прослави Кој желбата на твојата душа ја исполни, о свети Исихие чудотворче, за нас моли се ти, кој срцето пред Бога го приклони, со вода жива да се наполни, за мртвите да ги напои – живи да бидат со векови.
Преподобен Марко Подвижник
Аскет и чудотворец. Замонашен од својот учител Св. Јован Златоуст во четириесеттата година од животот, Марко помина уште шеесет години во Нитриската пустина во пост, молитва и пишување на духополезни книги. Целото Свето Писмо го знаеше наизуст. Беше многу милостив и плачеше над бедата на секое Божјо создание. Еднаш плачејќи Му се помоли на Бога за слепото малечко на една хиена и тоа прогледа. Од благодарност хиената мајка му донесе една овновска кожа. Но светителот ? забрани на хиената во иднина да ги коле овците на кутрите луѓе. Причест примаше од раце на ангели. Неговите беседи за духовниот закон, за покајанието, за трезвеноумието итн. спаѓаат во првокласната црковна книжевност, нив ги фалеше и возвишениот патријарх Фотиј.
Тропар
Оној Кој заради нас осиромаши, тебе те обогати, о Марко подвижниче, а ти срцето му го предаде, благодатта да го исполни и мноштво жива вода да источи. Ученику на Учителот, усто која покајанието го сееш меѓу Израилот, за нас моли се, чудотворче, напоени од Словото преку тебе да се претставиме, со чиста совест пред Небото.