Ikoni po naracka
 
 
 
 
 

       
          Според древните византиски канони, иконите и денес се изработуваат на истиот начин како и пред повеќе од десет века (всушност, првите икони на Пресвета Богородица светиот апостол Лука ги насликал по Педесетница, во првата година по Христовото Воскресение – факт што зборува дека историјата на иконописот е стара колку историјата на Црквата).

                   

          Во однос на техниката на сликање и доминантните нијанси на бои, иконописците следат една од двете најпознати школи (техники, правци) во иконописот: Критската школа или Македонската школа.

 

          Иконата може да се проучува од повеќе аспекти: историја на живописот, теологија на иконата, симболика на боите, техники на сликање ... повеќе...

          Иконописот во монашките ателјеа на Струмичката Епархија го задржува методот на јајчена темпера, кој користи пигменти со природно потекло. Соодветно на техниката, за изведбата на иконата се користи квалитетно дрво, најчесто: орев, липа, даб, јасен, костен, цреша.
         

          Иконите се со позлата, најчесто од 24-каратно злато. Големините на иконите (со еден или два лика) што може да се нарачаат може да бидат следните:

Каталог на икони 1. Мал формат (18х22 cm) - 300 евра
2. А4 формат (20x30 cm) -   300 евра
3. А3 формат (30x40 cm) -   600 евра
4. А2 формат (40x60 cm) - 1200 евра
5. А1 формат (60x84 cm) - 2000 евра

Поштарината и транспортот за во странство не се вклучени во цената.
          
За икони кои изобразуваат сцени со повеќе ликови (на пр. Рождество Христово, Воведение на Пресвета Богородица, сцени од животот на некој светител и други) цената се зголемува за 100 евра по икона.


Контакт за нарачка на икони