Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Лука 8:16-21
| 16. | Никој кога запали свеќа, не ја поклопува со сад, ниту ја става под одар, туку ја наместува на свеќник, за да ја гледаат светлината оние што влегуваат. |
| 17. | Оти нема тајно, што не ќе стане јавно, ниту, пак, сокриено, што не ќе се разбере и излезе на видело. |
| 18. | Па, пазете како слушате; зашто, кој има, ќе му се даде; а кој нема, ќе му се одземе и она, што мисли дека го има.” |
| 19. | Дојдоа кај Него мајка Му и браќата Негови, и не можеа да се приближат до Него поради народот. |
| 20. | И Му јавија, велејќи: „Мајка Ти и браќата Твои стојат надвор и сакаат да Те видат.” |
| 21. | А Он им одговори и рече: „Мојата мајка и Моите браќа се оние, што го слушаат словото Божјо и го исполнуваат.” |
Апостол на денот: Второ послание на светиот апостол Павле до Коринтјаните 8:1-5
| 1. | Браќа, ве известуваме за благодатта Божја, дадена на црквите македонски, |
| 2. | дека при поднесувањето на многу маки нивната радост беше изобилна; и при својата голема сиромаштија покажаа големо богатство на својата добродушност, |
| 3. | зашто според можностите нивни, јас сум сведок, а и преку нив, тие даваа доброволно; |
| 4. | нe молеа необично многу, да го примиме нивниот дар и учеството во прислужувањето на светиите; |
| 5. | и тоа не како што се надевавме, туку тие најнапред сами себе Му се предадоа на Господа, а потоа и на нас, по волјата Божја. |
Поука на денот: Свети Исак Сирин
Солзите во молитва се знак на милоста Божја, со која се удостоила душата заради нејзиното покајание, и знак за тоа дека таа е примена од Бог и зачекорува во полето на чистотата низ солзи.