Vesti i nastani
 
 
 
 
 

До Местобљустителот на Романската Православна Црква (30.07.2007)

Од името на Светиот Архиерејски Синод, свештенството, монаштвото и верниот народ на Македонската Православна Црква изразуваме најдлабоко сочувство по повод блаженото упокојување на Поглаварот на Романската Православна Црква, Патријархот Теокстист.

 

Во Македонската Православна Црква внесе тага веста дека починал првоерархот на сестринаската Романска црква, кон која, како народ и црква македонски, традиционално негуваме и чувствуваме пријателство и почитување.  Блаженоупокоениот патријарх Теоктист, по Божја милост, беше поглавар во едно исклучително историско и со искушенија време, но беше архипастир кој “научи да ги брои дните и да се здобие со мудро срце” (Псалм 89,14), исполнето со добрина и љубов. Таквите богољубиви личности секогаш се подготвени, и да речат и да потврдат дека “живееме ли, умираме ли - Господови сме” (Рим. 14,8). Се молиме милостивиот Господ да ја насели неговата душа меѓу праведниците! Бог да го прости и нека му е вечен споменот!

 

Архиепископ Охридски и Македонски

г.г. Стефан