Средба со архимандритот Елисеј од манастирот Симонопетра (Света Гора)
 
 
 
 
 

Средба со архимандритот Елисеј од манастирот Симонопетра (Света Гора) (17.06.2006)

Игуменот на манастирот Симонопетра од Света Гора, архимандритот Елисеј, на 15.06.2006 година беше гостин на Теолошкиот православен институт „Свети Сергеј“ во Париз. Во негова придружба беше и о. Макариј, монах од манастирот Симонопетра. Повеќето професори од Институтот, студенти и луѓе кои имаа желба да се запознаат со монасите од Света Гора присуствуваа на средбата со нив.

 

Отец Елисеј беше избран и подготвуван од архимандритот Емилијан за да го наследи во духовното раководење со монасите на едниот од најзначајните манастири на Света Гора денес. Отец Макариј, Французин, е автор на православниот синаксар: „Синаксар. Житија на Светиите на Православната Црква“ (едиција "To Perivoli tis Panaghias", © S. M. Simonos Petras, Mont Athos)

Манастирот Симонопетра го подигна свети Симеон Мироточив, кој живееше на Света Гора во 13 век. Овој манастир се возобнови во втората половина од 20 век, кога од Метеори дојде отец Емилијан со своите монаси (1973).

 

 

 

           

 

 

 

             

 

известува: Еcho-orthodoxe.net