Рускиот патријарх Алексиј II се сретна со министерот за надворешни работи на Грција
 
 
 
 
 

Рускиот патријарх Алексиј II се сретна со министерот за надворешни работи на Грција (01.07.2006)

На 29 јуни 2006 година во патријаршиската резиденција во Даниловиот манастир се одржа средба на московскиот патријарх Алексиј Втори со министерот за надворешни работи на Грција, г-ѓа Дора Бакојани. Во средбата учествуваа амбасадорот на Грција во Русија, Илијас Клис и амбасадорот на Русија во Грција, А. Вдовин.

Поздравувајќи ги гостите патријархот рече: „Многу се надевам дека доаѓањето на министерот за надворешни работи на Грција ќе даде нов импулс за односите помеѓу нашите земји.“ Неговата Светост исто така забележа дека сѐ повеќе претставници на Грција ги посетуваат светите места на Руската Православна Црква, а поклоници од Русија одат на светите места во Грција.

По завршетокот на средбата патријархот кажа: „Ние заедно со претставниците на Грција отсекогаш сведочиме за духовната блискост која постои помеѓу нашите народи.“

Такви средби секогаш поминуваат во топла и срдечна атмосфера затоа што и рускиот и грчкиот народ се соединети во единствена православна вера, истакна поглаварот на Руската Православна Црква. Според неговите зборови на средбата се разгледуваше развојот на црковниот живот во Русија.

Потоа, Неговата Светост ја покани г-ѓа Д. Бакојани во храмот на резиденцијата посветен на сите руски Светители.

известува: Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија