Православните Грци денес го одбележија празникот на Успението на Пресвета Богородица, кој во Грција понекогаш го нарекуваат „Летен Велигден“
 
 
 
 
 

Православните Грци денес го одбележија празникот на Успението на Пресвета Богородица, кој во Грција понекогаш го нарекуваат „Летен Велигден“ (15.08.2006)

Грчката Црква се раководи според грегоријанскиот календар, така што го празнува Успението исто како и другите непоместливи празници во црковниот календар скоро две недели порано од Православните Цркви коишто го одбележуваат празникот на 28 август. Во стотиците храмови посветени на Богородица во цела Грција денес беа отслужени празнични богослужби со литии во кои земаа учество десетици илјади верни. Грчките политичари како и обично не останаа настрана од празнувањата. Така, претседателот на Републиката, Карлос Папуљас присуствуваше на службата во Агиасос, Митилена, со која чиноначалствуваше Цариградскиот Патријарх Вартоломеј. Грчкиот Архиепископ Христодул чиноначалствуваше со свечената богослужба во Вермио, на која присуствуваше еден од министрите во Владата.

Известува: ERT.gr