На празникот на Христовото Рождество, Рускиот патријарх Алексиј чиноначалствуваше со богослужбата во храмот на Христа Спасителот
 
 
 
 
 

На празникот на Христовото Рождество, Рускиот патријарх Алексиј чиноначалствуваше со богослужбата во храмот на Христа Спасителот (08.01.2007)

Во соборниот храм на Христа Спасителот, Поглаварот на Руската Православна Црква отслужи Божествена Литургија и им го честиташе празникот на Русите.

 

„Посакувам светлината на Христовото Рождество да нè следи сите на нашиот пат и да нè поткрепува во духовниот раст. На овој ден Црквата воскликнува: ‘Со нас е Бог!’, и ние, само ако бидеме со Бога, ќе ги надминеме сите тешкотии и искушенија со кои се среќаваме на животниот пат“, нагласи Поглаварот на Руската Црква.

 

 

 

На Божикната богослужба присуствуваше претседателот на Владата на Руската Федерација М. Е. Фрадков, претседателот на Државната Дума Б. В. Гризлов, како и други претставници на државни, општествени и верски организации.

 

Со Неговата Светост сослужуваа архиепископот Истрински Арсениј, епископот Броницки Амвросиј и повеќе претставници на московското свештенство.

 

Прес-службата на Московската Патријаршија