Знеполскиот епископ Николај избран за Пловдивски Митрополит
 
 
 
 
 

Знеполскиот епископ Николај избран за Пловдивски Митрополит (05.02.2007)

Гласањето за нов Пловдивски Митрополит се одржа на 4 февруари во пловдивскиот соборен храм на Пресвета Богородица. По завршувањето на Светата Литургија, со која чиноначалствуваше Варненскиот Митрополит Кирил, 54 претставници од 9 епархии пристапија кон гласањето. Текот на гласањето беше следен од специјална тричлена комисија, во чиј состав влегоа еден претставник од локалното свештенство, еден мирјанин и Митрополитот Варненски г. Кирил во својство на претседател на комисијата. Владиката Кирил досега ја исполнуваше должноста администратор на испразнетата Пловдивска катедра. Согласно гласачките услови секој избирач гласаше за 2 од 8-темина предложени кандидати. Кандидатурите на двајцата претенденти со најголем број гласови, Знеполскиот епископ Николај и Деволскиот епископ Теодосиј ќе бидат ставени на разгледување на Светиот Синод, после што ќе биде направен конечниот избор на новиот Пловдивски Митрополит. Но, се претпоставува дека заради некои формални прашања (епископот Теодосиј нема вишо богословско образование), Синодот само формално ќе го потврди изборот на епископот Николај, кој доби најмногу гласови од епархиските избирачи.

Во состав на Пловдивската епархија влегуваат 9 помали црковни единици со центри во градовите: Пловдив, Пазарџик, Асеновград, Хасково, Карлово, Панаѓуриште, Пештера, Смољан и Ивајловград.

 

Известува: Двери.бг