Конференција „Црквата и проблемите на современата комуникација“
 
 
 
 
 

Конференција „Црквата и проблемите на современата комуникација“ (07.02.2007)

На 5 февруари, во Духовната семинарија во Нижен Новгород започна со работа Меѓународната научно-практична конференција „Црквата и проблемите на современата комуникација“.

Во последните години, а во врска со активната општествена дејност на Руската Православна Црква, објект на внимание на средствата за јавно информирање станаа проблемите поврзани со новите комуникациски технологии. Се појавија проекти со кои им се укажува помош на светските специјалисти што работат на религиозна тематика и кои им овозможуваат на истите да придонесат кон зацврстувањето на респективниот однос кон чувствата на верниците и верската толеранција, заснован врз познавањето на реалностите на религиозниот живот.

Често проблемите околу верската комуникација се поврзани со постоењето на нерешени или недоволно истражени прашања во областа на: јазикот на богослужбите, преводот на богослужбените и богословските текстови, толкувањето на свештените текстови, создавањето нова житијна литература итн.

            Цел на конференцијата е да ги обедини напорите на научниците од разни области во оформувањето единствена насока за сфаќање на истражуваниот проблем. Претседавачот со конференцијата, доцент Евгениј Плисов, професор во Духовната семинарија во Нижен Новгород, ја изрази својата надеж дека ова ќе биде почеток на низа средби, семинари и дијалози, чија тематика ќе биде уште поспецијална но во рамките на оваа тема.

            На конференцијата учествуваат научници од Москва, Нижен Новгород, Казан, Волгоград и Калуга, како и претставници на Србија, Словачка, Германија (Берлинска епархија). Меѓу учесниците се наоѓаат четворица доктори на науки и 13 пост-дипломци, свештеници и вработени во православната издавачка дејност.

            По завршувањето на конференцијата ќе биде објавен зборник со трудовите на учесниците, во вид на заедничка монографија на тема „Црквата и проблемите на современите комуникации“.

            Студентите на Духовната семинарија во Нижен Новгород ќе можат да учествуваат на средбите организирани во рамките на конференцијата, од кои една, предводена од свештеник на Берлинската епархија, о. Johannes R. Nothaas, ќе биде посветена на прашањата околу организацијата и развојот на православните заедници во инославна средина и изборот на богослужбениот јазик, со пособен осврт на почитувањето на западните православни светители.

 

Извор: Сайт Нижегородской епархии