На 5 март се отвора XI Светски руски народен собор
 
 
 
 
 

На 5 март се отвора XI Светски руски народен собор (03.03.2007)

Проблемите на сиромашните во Русија ќе бидат во центарот на вниманието на учесниците на XI Светски руски народен собор, кој ќе се одвива од 5 до 7 март во московскиот храм на Христос Спасителот.

Во работата на форумот ќе бидат вклучени околу 1000 учесници, меѓу кои: претставници на парламентот, гувернери, научници, претприемачи, културни работници. Тие заедно ќе бараат одговор на прашањето како Русија да се модернизира на тој начин што промените да не станат погибелни за неа туку да помогнат во запазувањето на нејзиниот „духовен или цивилизациски код“.

„Русија не треба да биде строго патријахална туку развиена земја со високо ниво на економија и образование, но притоа треба да се запази духовно-моралната основа на нашето битие, бидејќи ако таа се разруши Русија едноставно ќе падне во хаос“, смета Митрополитот Смоленски г. Кирил, кој е еден од најактивните учесници во подготовката на форумот.

Учесниците на Соборот ќе разгледаат различни аспекти од економскиот развој на земјата, како: ефективното користење на природните ресурси, надминувањето на зависноста од извозот на суровини, развојот на образованието и науката. Особено внимание ќе биде посветено на духовните основи на животот на човекот и општеството, улогата на Православието во развојот на земјата „како консолидирачки, воспитен фактор и првостепена духовна сила којашто секогаш ни помагаше да се справиме со потешкотиите“.

Светскиот руски народен собор е создаден во 1993 година како општествен форум, возглавен од патријархот Московски и Руски. Во претседателското тело на соборот влегуваат неколку ополномоштени претставници на рускиот претседател во одделни региони на Русија, министри, познати општествени и културни работници, видни бизнисмени, членови на Општествената палата на Русија.

Извор: http://www.interfax-religion.ru/?act=news&div=16897