Во Русија ќе пристигне чудотворната рака на свети Спиридон Тримифунтски
 
 
 
 
 

Во Русија ќе пристигне чудотворната рака на свети Спиридон Тримифунтски (09.03.2007)

На 15 април 2007, од грчкиот остров Керкира за првпат ќе биде однесена во Москва десната рака на чудотворецот и исцелител свети Спиридон Тримифунтски.

Светите мошти ќе пристигнат во Русија со благослов на Рускиот патријарх Алексиј II, со одобрение на Синодот на Грчката Православна Црква и со благослов на митрополитот Нектариј, надлежен архиереј за Керкира, Паксос и околните острови.

Свети Спиридон Тримифунтски (Саламински) е роден на крајот на III век на Кипар. Како што се вели понатаму во неговото житие, за својот добродетелен живот беше награден од Бога со чудотворен дар на исцеление, воскреснуваше луѓе, изгонуваше демони, заштитуваше од природни непогоди и напади на непријатели. На I Вселенски собор светителот ја докажа триедната суштина на Бога.

Моштите на свети Спиридон се наоѓаа во Цариград сè до неговото освојување од страна на Турците, после што беа однесени на островот Керкира. Жителите на овој остров изградија црква за моштите и до денес го почитуваат свети Спиридон како заштитник на Керкира.

Извор: Патриархиа.ру