Јапонија
 
 
 
 
 

Јапонија (16.03.2007)

На 12 февруари, во јапонскиот град Осака беше одржана конференција, посветена на историјата на православното монаштво и на монашкиот живот. На конференцијата учествуваа свештениците од Западната епархија на Јапонската Автономна Православна Црква, и тоа од градовите Кјото, Осака, Тоекаши, Кагошима и Нагоја. Пред почетокот  на конференцијата, во црквата во Осака беше отслужен Молебен на свети Николај Јапонски.

На конференцијата присуствуваа околу 100 учесници. Покрај верниците од Западната епархија, меѓу учесниците беа и мноштво верници од Токио. Бројот на учесници, значителен за Јапонската Црква, сведочи за големиот интерес кај православните Јапонци за монашкиот живот. Свештениците одговараа на бројни прашања во врска со молитвата и со внатрешната димензија на монашкиот живот.

На тема „Руското православно монаштво“ проговори гостинот-предавач, јеромонахот Герасим од манастирот на свети Николај Јапонски во Токио. Како што нагласи о. Герасим, конференцијата покажа дека не е доволно едно предавање дури ни кога се работи само за вовед во историјата и различните искуства во православното монаштво. Имено, монаштвото за православните Јапонци веќе не претставува нешто егзотично, и затоа е потребна не само поширока едукативна активност туку и практично учество на заинтересираните во монашкиот живот.

 

известува: Orthodox.cn