Прешов
 
 
 
 
 

Прешов (17.03.2007)

На 8/9 март 2007 година, во словачкиот град Прешов се одржа XII Помесен собор на Православната Црква на Чешка и Словачка.

 

На Соборот беа разгледани прашања од внатрешниот црковен живот, со преглед на активностите од минатиот период како и плановите за во иднина.

 

Според зборовите на поглаварот на Црквата, архиепископот Прашки и митрополит на Чешка и Словачка г. Христофор, во последните десет години бројот на православните во двете земји се зголеми за една третина. Денес, само во Словачка околу 50,000 верници се со православна вероисповед.

 

Митрополитот Христофор исто така ги нагласи основните насоки на православните епархии и како главна ја издвои следната нивна задача: работа со младите.

 

Извор: Патриархиа.ру