Хиротонисан првиот од тројцата нови Владици на Бугарската Православна Црква
 
 
 
 
 

Хиротонисан првиот од тројцата нови Владици на Бугарската Православна Црква (18.03.2007)

 

 

На 17 март оваа година, над 45 свештенослужители зедоа учество на свечената Божествена Литургија во патријаршискиот соборен храм на свети Александар Невски, на која беше хиротонисан Стобискиот епископ Наум. Со Литургијата чиноначалствуваше Неговата Светост Бугарскиот патријарх Максим, а меѓу свештенослужителите беа и претставници од Руската и Романската Православна Црква. Во неделата на свети Јован Лествичник, 18 март, ќе биде извршена и хиротонијата на Знеполскиот епископ Јован.

 

Известува: Dveribg.net