Соработка меѓу Црквата и затворските власти
 
 
 
 
 

Соработка меѓу Црквата и затворските власти (19.03.2007)

Во минатата година Светата Тајна Крштение ја примија 400 затвореници кои се наоѓаат на издржување казна во затворите во Алтајскиот крај, Руска Федерација. Исто така стана традиција воочи Великиот пост и Прочка затворениците да им пишуваат писма на своите роднини и блиски. Оваа година беа напишани речиси 5000 такви покајни писма. Договорот за меѓусебна соработка меѓу Руската Православна Црква и Федералната служба за извршување казни (ФСИН) беше склучен во Московската патријаршија и Министерството за правда во 1999 година. Оттогаш во затворите најпрвин беа отворени соби за молитви а потоа и цркви.

 

Извор: Патриархия.ru