Епископот Калист Диоклејски е возведен во чин на митрополит
 
 
 
 
 

Епископот Калист Диоклејски е возведен во чин на митрополит (02.04.2007)

„Новиот состав на Светиот синод на Цариградската патријаршија ја одржа првата годинешна седница од 28 до 30 март, под претседателство на цариградскиот патријарх вартоломеј. последниот ден од заседавањето, неговото Преосвештенство калист (Вер), универзитетски професор и нов претседател на мешовитиот дијалог меѓу православните и англиканците, едногласно беше возведен во митрополит на Диоклеја.

Роден во 1934 година, од семејство со англиканска вероисповед, монах од братството на манастирот на свети Јован Богослов на островот патмос, викарен епископ на Грчката Православна Епархија на Велика Британија, професор по теологија на Оксфордскиот универзитет, Калист Вер е и автор на мноштво класични дела на православната литература, како што се „Православната Црква“, „Православниот пат“ и др.

Известува: Orthodoxie.org