Во Тбилиси е отворен Милосрден дом за спречување на абортуси
 
 
 
 
 

Во Тбилиси е отворен Милосрден дом за спречување на абортуси (03.04.2007)

Со благослов на Грузискиот патријарх Илија II, во медицинскиот центар „Манана Шарашидѕе“ почна да функционира „Дом на милосрдието“.

 

Целта на оваа институција е да им се помогне на млади жени во тешки ситуации, како и на идни мајки принудени од оваа или онаа причина да абортираат. наместо ослободување од плодот, во центарот на идната мајка ќе ѝ предлагаат да го роди детето и да го остави во Домот на милосрдието, каде што тоа ќе помине одреден период од животот. мајката ќе може во секое време да го земе детето оттаму, според сопствена желба.

 

Контролата над работата на оваа институција му е доверена на архиепископот батумски и Кобулетски Димитриј Шиолашвили.

 

Пред некое време со негови усилби и благослов, во батуми беше отворена гимназијата-интернат за деца лишени од родителска грижа, која и денес постои.

извор: Pravoslavie.ru