Пасхален Молебен во американскиот затвор Sing Sing
 
 
 
 
 

Пасхален Молебен во американскиот затвор Sing Sing (15.04.2007)

На 10 април јеромонахот Јосиф од патријаршиски соборен храм на свети Николај во Њујорк отслужи Пасхален молебен за правосланите затвореници во затворот со строг режим Sing Sing (Ossining, NY). Пастирската грижа за затворениците од овој затвор  е овозможена благодарение на договорот со администрацијата на затворот. Исто така се овозможени и редовни богослужби во затворскиот параклис како и одржување на разговори со затворениците. Во план е и одржување на предавања по историја и вероучение на Православната Црква за затворениците од другите вероисповеди. Ова се спроведува во рамките на социјалниот програм на Претставништвото на Московската Патријаршија во САД и парохиите на Московската Патријаршија во Америка со поддршка на Генералниот Конзулат на Руската Федерација во Њујорк. 

Известува: Russian Church in USA