Манифестации по повод на основањето на првата митрополитска катедра во Романската Земја
 
 
 
 
 

Манифестации по повод на основањето на првата митрополитска катедра во Романската Земја (22.04.2007)

Со благослов на Неговото Преосвештенство епископот на Арџеш и Мушчел г. Калиник во Куртеа де Арџеш (Романија) беше организирана свеченост за доделување награди по повод националната изложба на икони „Тебе Ти се молиме“. Културниот советник на епископот на Арџеш и Мушчел рече дека оваа година на изложбата учествувале 156 икони на 55 иконописци од целата земја. Првата награда од Епископијата беше врачена на Валентин Попа од Питешт за иконата „За нашето спасение“.

Во Куртеа де Арџеш исто така се одржа и фестивал-конкурс на филмови со религиозна тематика, насловен „Светлина од Светлината“. На конкурсот беа пријавени 15 филма, а одбрани 11. Наградувањето за овогодишното 14-то одржување на фестивалот „Светлина од Светлината“ се одржа на 20 април 2007 година. Манифестациите завршија со посетување на спомениците и храмовите од овој реон. Исто така се одржа и колоквиум на тема „Помеѓу документарец и есеј. Актуелни тенденции во реализација на филомот со религиозна тематика“. Изложбата и филмскиот материјал беа одржани во чест на основањето на првата митрополитска катедра во Романската Земја – Куртеа де Арџеш – духовно и културно средиште на романскиот народ.

 

известува: http://www.eparhiaargesului.ro/evenimente.html