„Ноќни волци“ ќе направат крстна литија на мотори
 
 
 
 
 

„Ноќни волци“ ќе направат крстна литија на мотори (07.05.2007)

 

Членовите на Нижногородскиот оддел на меѓународниот мото-клуб „Ноќни волци“ на првиот ден од летото ќе тргнат во мото-поклоничко патување по маршрутата: Н. Новгород – Балахна – Городец – Ковернино – Белбаж – Воскресенское – Семенов – Шахуња – Костово – Лисково – Кнегинино – Сергач – Бутурлино – Лукојанов – Шатки – Арзамас – Дивеево – Вознесенское – Викса – Навашино – Вача – Павлово – Богородск – Н. Новгород.

Се планира во поклонението да земат учество 20 мотоциклисти и 10 автомобилисти, а исто така и нивните семејства. На патот мото-поклониците ќе ги следат свештеници од Нижни Новгород. По маршрутата „Ноќните волци“ ќе дадат доброволни прилози на манастирите и парохиите за ремонтно-возобновувачките зафати како и за уредување на црковните дворови.

Ова е прв ваков настан во епархијата на Нижен Новгород.

 

 

известува: Благовест-инфо