Честичка од моштите на свети Јован Шангајски е подарена на храмот на светата великомаченичка Екатерина
 
 
 
 
 

Честичка од моштите на свети Јован Шангајски е подарена на храмот на светата великомаченичка Екатерина (24.05.2007)

Во неделата на 19 мај, после патријаршиската богослужба во храмот посветен на Воскресението Христово и на Руските новомаченици и исповедници во Бутов, архиепископот на Сан Франциско и Западна Америка г. Кирил (Руска Задгранична Црква) му предаде на архимандритот Закхеј (Вуд), претставник на Православната Црква во Америка при Московската Патријаршија, честичка од светите мошти на светиот архиепископ на Сан Франциско, Јован Шангајски.

Честичката од моштите на Светителот ќе биде ставена во нова икона во храмот посветена на светата великомаченичка Екатерина. Пред оваа икона на свети Јован Шангајски ќе биде служен Молебен секоја среда во 17 часот, а после тоа ќе се служи Акатист кон светата великомаченичка Екатерина.

известува: Patriarhia.ru