Телевизијата на Грузиската патријаршија ќе емитува младинско „риалити шоу“
 
 
 
 
 

Телевизијата на Грузиската патријаршија ќе емитува младинско „риалити шоу“ (09.06.2007)

Телевизискиот канал на Грузиската патријаршија од утре стартува со младинско риалити шоу, во кое учесниците се млади луѓе на 16-годишна возраст. Според директорот на телевизијата, Георги Адриадзе, шоуто „48 часа“ е подготвено како противтежа на сличните вакви емисии, кои пропагираат агресивност и неморал. Во шоуто „48 часа“ победата ќе се постигнува не преку елиминирање на другиот, туку по пат на пријателство, поддршка и заедничка борба на учесниците против вештачката инелигенција. Георги Адриадзе откри дека грузиското раководство поставувало секаков вид пречки за емитирањето на каналот надвор од главниот град на државата, Тбилиси. Освен тоа, за разлика од други забавни емисии, сите бизнисмени и спонзори на шоуто побарале потполна анонимност за себе и за своите фирми. Господин Адриадзе го поврзува ова со стравот од јавно прокламирана поддршка на Православната Црква во земјата.

 

Извор: Благовест Инфо