Светиот Синод на Бугарската Православна Црква изгласа нов состав на своите комисии
 
 
 
 
 

Светиот Синод на Бугарската Православна Црква изгласа нов состав на своите комисии (12.06.2007)

Уште во првиот ден (на 5 јуни) од заседанијата на полниот состав на Светиот Синод на Бугарската Православна Црква беа изгласани претседателите и составот на архиерејските комисии, кои се однесуваат на различни области од црковниот живот и дејност и изготвуваат решенија на Светиот Синод по различни прашања од областа на богословската наука, богослужението, финасиите итн.

Во составот на комисиите беа направени некои промени. Досега Просветната комисија беше раководена од Русенскиот митрополит Неофит, но сега ќе ја возглавува Пловдивскиот митрополит Николај. Д-р Павел Павлов, главен асистент на Богословскиот факултет во Софија беше избран за член на Богословската комисија на местото на починатиот проф. Тотју Коев. Богословската комисија ќе биде под раководство на Русенскиот митрополит Неофит, а нејзини учесници се професори и предавачи од Богословскиот факултет во Софија. Во составот на комисијата влегува и Стобискиот епископ Наум, главен секретар на Светиот Синод.

Богослужбената и канонско-јурисдикциска комисија на Светиот Синод, како и Финансиската комисија ќе бидат раководени од Сливенскиот митрополит Јоаникиј. Видинскиот митрополит ќе претседава со Комисијата за меѓуцрковни односи. Варненскиот и Великопреславскиот митрополит Кирил како и досега ќе раководи со веќе две години неактивната Комисијата за промена и дополнение на уставот на БПЦ. Патријархот Максим веќе неколку пати ја критикуваше таа неактивност како и непрестајното одлагање на заседание на Црковно-народнен собор.

 

известува: Dveri.bg