Грчкиот архиепископ Христодул заминува за САД
 
 
 
 
 

Грчкиот архиепископ Христодул заминува за САД (17.08.2007)

Архиепископот Христодул утре, сабота, заминува за Мајами за да му биде пресаден црн дроб од страна на познатиот хирург Андреас Цакис. Претседателот Георгиос Папандреу (ПАСОК) и Министерот за вработување на Р. Грција Василис Магинас утрово го посетија Архиепископот. Пред тоа Неговото Блаженство Христодул ги беше поканил уредниците кои се занимаваат со црковна проблематика за да им се заблагодари. Архиепископот инаку ќе ги пропушти изборите на 16 септември.

 

 

 

Извор: www.ert.gr