Грузискиот патријарх Илија II да ја спречи граѓанската војна во Грузија
 
 
 
 
 

Грузискиот патријарх Илија II да ја спречи граѓанската војна во Грузија (10.11.2007)

Опозицијата во Грузија го замоли Грузискиот патријарх Илија II да посредува меѓу опозиционите групи и владата за да се избегне новата граѓанска војна во земјата. „Го молам патријархот да посредува во преговорите. Нека се поврзе со претседателот на Парламентот. Неопходно е итно да се започне со преговорите“, изјави Коба Давиташвили, еден од лидерите на опозицијата.

Во грузискиот главен град веќе една седмица се одржува многуилјаден митинг, кој настојува оставка на претседателот Михаил Саакашвили и предвремени избори.

 

Извор: Интефакс