Литургија во црквата на свети Никола во Мира
 
 
 
 
 

Литургија во црквата на свети Никола во Мира (06.12.2007)

Црквата во градот Демре е посветена на свети Никола. Тоа е многу модерен турски град кој се наоѓа долж турската обала каде што има плодно земјиште и топла клима, што овозможува производство на зеленчук дури и во декември.

Црквата датира од 4 век кога свети Никола бил поставен за епископ на градот Демре, тогаш познат како Мира. Моментално е во фаза на реставрација и сега е претворена во музеј. Многу години, религиозните и политичките власти се расправале околу прашањето дали може да се служи света Евхаристија во неа. Тоа не било возможно дури ни на 3 декември (по нов календар), на датата кога се слави овој Светител, односно денот на неговото упокојување.

 

Со години наред не биле дозволени богослужби во оваа црква. Биле дозволенени само посети на групи кои претходно имале купено влезници од Турската туристичка агенција, како за посета на музеј.

 

Но, ова не ги обесхрабрило верните, а особено Русите биле оние што патувале до тука во посета на ова место. Уште од времето на Византија почитувањето на свети Николај било пренесено во руските градови, каде што после многу векови толку се вкоренило така што овој Светител бил прогласен за заштитник на нацијата.

 

Само во 2007 година, според одредени изражувања, ова место го имале посетено 250.000 Руси.  

 

Со голема радост и задоволство на целата Православна Црква, на Цариградскиот патријарх Вартоломеј, после пет години инсистирање и трпение кон властите во Анкара сега му е дозволено да служи Литургија во црквата на овој Светител.

 

Средбата помеѓу патријархот и новиот министер за култура Ертуѓул Гунај бил клучен. Министерот рекол: „Јас искрено посакувам секој граѓанин во оваа земја да може слободно да си ја празнува својата религија на местото најзначајно за почитување.“ Тој, не само што дозволил служење на Литургија во црквата на свети Никола во Демре туку и донирал 40.000 турски лири (што е околу 25.000 евра) за завшување на работите на базиликата. Во зимо и во пролет, базиликата е потопувана од обилните дождови бидејќи е три метри подолу од нивото на улиците. Тоа ги оштетува мозаиците и фреските кои се нацртани на криптата каде што се наоѓа саркофагот на Епископот Николај.

 

Извор: Asia News