Божествена Литургија во Софија
 
 
 
 
 

Божествена Литургија во Софија (07.12.2007)

Денес, во митрополитскиот соборен храм на света Недела во Софија, Божествена Литургија за празникот на свети Никола (по нов стил) отслужи Неговото Високопреосвештенство Митрополит на САД, Канада и Австралија г. Јосиф. На овој ден митрополитот Јосиф не го одбележа само празникот на свети Никола туку и еден свој личен празник – својот роденден. Во оваа година архиерејот наполни 65 години.

Во словото на крајот од богослужбата митрополитот Јосиф истакна дека едно од задолженијата на духовниците е да советуваат што повеќе верни да пристапуваат кон Светите Тајни Христови. За жалење е свештеник, кој ја подготвува Светата Причест само за себеси, а нема причесници меѓу мирјаните, кои дошле на Божествена Литургија, рече архиерејот.

За празникот архиерејот прво прими поздрави од старешината на митрополитскиот соборен храм о. Мина Минчев, кој му пренесе поздрави и од името на Неговата Светост патријархот Максим. Митрополитот Јосиф прими поздрави и од претседателот на Р. Бугарија Георги Прванов. Лично присуствуваше и директорот на Дирекцијата „Вероисповеданија“ од Министерскиот совет проф. Иван Желев.

Многумина верни го поздравија архиерејот по повод јубилејот и поради вдахновеното слово коешто им го упати. Овој празник ќе остане незаборавен.

 

Извор: Двери.бг