Алексеј Втори ја одби поканата да го посети Ватикан
 
 
 
 
 

Алексеј Втори ја одби поканата да го посети Ватикан (26.01.2008)

Руската православна црква ја одбила поканата патријархот Алексеј Втори да го посети Ватикан. Игор Вишнов, претставник за надворешни работи на Патријаршијата, оцени дека посетата на Алексеј Втори на Ватикан во јуни би била избрзан потег.- Средбата меѓу папата Бенедикт Шеснаесетти и Алексеј Втори е деликатно прашање и за тоа се потребни сериозни дискусии меѓу двете страни - наведе Вишнов.Ватикан неодамна го покани Алексеј Втори да го посети Рим по повод Годината на свети Павле.

Извор: Утрински весник