XII Серуски народен собор
 
 
 
 
 

XII Серуски народен собор (06.02.2008)

Од 20-22 февруари во Москва ќе се одржи Серуски народен собор: Собор за деца и млади. Форумот ќе биде посветен на темата: „Идните поколенија – националното достоинство на Русија“

Соборот ќе се одржи со благослов на Рускиот патријарх Алексиј II. Првиот во историјата Серуски народен собор се одржа во 1993 година, а мнозинството учесници беа млади луѓе од сите краишата на Русија.

Во план е соборот да го отвори Рускиот патријарх Алексиј II. На соборот ќе учествуваат повеќе од 5.000 луѓе. Во центарот на вниманието ќе бидат актуелни теми, како што се образованието во Русија, социјалната дејност на младинските организации, запознавање на младите со државниот систем на управување, привлекување на младите експери за развој на главните научни области, откривање и потпомагање на талентирани момчиња и девојчиња, прашања околу формирање на семејството и воспитвањето на децата, местото на духовните вредности во животот на современото општество.

 

Извор: Patriarhia.ru