Романската Православна Црква канонизира 10 светители и ги внесе во црковниот календар
 
 
 
 
 

Романската Православна Црква канонизира 10 светители и ги внесе во црковниот календар (13.03.2008)

Членовите на Светиот Синод на Романската Православна Црква канонизираa 10 светители, од кои 9 се романски светители од Њамц, поточно: преподобен Јован од Раска и Секу (30 август), преподобните Симеон и Амфилохиј од Панграти (7 септември), преподобните Рафаел и Партениј од Стара Агапија (21 јули), преподобните Јосиф и Киријак од Бисерикани (1 октомври), преподобен Киријак од Тазлау (9 септември) и преподобен Јосиф од Варатек (16 август). Исто така, на предлог на епископијата на Долниот Дунав беше канонизиран и Свети Атанасиј III Пателариј Константинополски.

 

Извор: Trinitas.ro