Прв Епископ за Австралија и Нов Зеланд на Романската Православна Црква
 
 
 
 
 

Прв Епископ за Австралија и Нов Зеланд на Романската Православна Црква (23.04.2008)

На празникот Цветниции, архимандритот др. Михаил Филимон беше хиротонисан за Епископ на Епископијата на Австралија и Нов Зеланд и е првиот епископ на Романската Православна Црква во тоа област. Божествената Литургија и службата на ракополагањето, кои се одржаа во патријаршиската катедрала во Букурешт, беа возглавени од Високопреосветениот Нифонт, Архиепископ и Митрополит на Трговиште и патријаршиски егзарх. Митрополитот Нифонт предавајќи му ги на новиот Епископ архиерејските инсигнии рече: „Прими го овој жезол за да раководиш со Христовото стадо кое ти е доверено, а на тие што ќе ти бидат послушни тој да им биде жезол на поткрепа, а за непослушните жезол за духовно будење и укорување.“

 

Извор: Trinitas.ro