Цариградскиот патријарх организира средба на поглаварите на помесните Православни Цркви
 
 
 
 
 

Цариградскиот патријарх организира средба на поглаварите на помесните Православни Цркви (15.05.2008)

Цариградскиот патријарх Вартоломеј ги покани поглаварите на сите помесни Православни Цркви на заедничка средба на есен оваа година. Средбата е планирана од 9 до 12 октомври 2008 година. Претходно ќе биде одржана подготвителна средба на поглаварите на Православните Цркви, која ќе се одржи на островот Родос од 18 до 21 јуни 2008 година. Ваква средба во 1992 година се одржа во Истанбул, а во 2000 година во Ерусалим во рамките на одбележувањето на 2000 години од раѓањето на Спасителот.

 

 

 

Извор: Dveribg.net