На главниот грчки телевизиски канал ќе бидат прикажани филмови за преподобен Серафим Саровски
 
 
 
 
 

На главниот грчки телевизиски канал ќе бидат прикажани филмови за преподобен Серафим Саровски (29.09.2008)

Пред доаѓањето во Грција на ковчегот со честичка од моштите на преподобен Серафим Саровски на главниот грчки телевизиски канал ќе бидат прикажани филмовите за Преподобниот: „Христос воскресна, радост моја“ и „Хроника на Дивеевските свечености 2003“.

Филмовите се снимени под покровителство на Нижегородската епархија и биле прикажани на свеченостите посветени на 100-годишнината од канонизацијата на преподобен Серафим Саровски, кои се одржаа во Дивеево и Саров во 2003 година.

Во октомври 2008 година ковчегот со честичката од моштите на преподобен Серафим Саровски ќе биде пренесен во Грција. Од 3 до 8 октомври ќе се наоѓа во местото Палини недалеку од Атина, во храмот посветен на свети Тихон, а од 8 октомври до 2 ноември во храмот на Пресвета Богородица Сумела во атинската област.

Овој проект се оствари со благослов на Неговата Светост Рускиот патријарх Алексиј II, а во соработка на Фондот Свети Серафим Саровски со Месоголиската и Лавреотикиска епархија на Грчката Православна Црква.

 

Извор: Patriarhia.ru