Прва конференција во Русија, посветена на соработка меѓу психијатријата и религијата
 
 
 
 
 

Прва конференција во Русија, посветена на соработка меѓу психијатријата и религијата (16.10.2008)

Денес, во санаториумот „Борова шума“ во Казан (Русија) започна работата на републичката конференција „Психичкото здравје и религијата – патишта за соработка“, посветена на прашања во врска со соработката на религиозната и медицинско-психијатриската пракса, организирана од Казанската епархија и Министерството за здравство.

Како што соопшти шефот на медицинскиот оддел на Казанската епархија, протоереј Роман Модин, ова е прва конференција во Русија, на која психијатри и свештенослужители се сретнуваат, за да ги разгледаат формите на соработка: за Русија тоа е исклучителен опит.

Според зборовите на отец Роман, свештенослужителите поодамна биле директно засегнати со прашања за душевно здравје. Во суштина, тоа е обнова на древните корени – порано психијатрија не постоела, постоело духовништво. И сите тие духовни корени, вака или така, ги има во себе психијатријата. Две традиционални конфесии во Татарстан, Православието и исламот, не можат а да не земат учество во тоа луѓето, што се отфрлени од општеството, да ги рехабилитираат социјално и духовно. Често проблемите на душевното здравје се обајснуваат не толку со душевни, колку со духовни причини: сатанизам, одење кај бајачи и т.н. Во однос на ова претставниците на конфесиите имаат одредено искуство.

Освен тоа, психијатријата секогаш беше затворена област на медицината, и практично единствен човек, кој може да им пријде на тие луѓе од страна, е свештеник, забележа отец Роман. Во спротивно, психијатријските клиники, како што покажа опитот во советскиот период, можат да се претворат во организации слични на затвор.

Во работата на конференцијата учеството земаат угледни психијатри во Русија и свештенослужители, који се занимаваат со таа проблематика. Освен тоа, на конференцијата се собраа не само психијатри, туку и многу психолози.

На конференцијата се планира работа во три секции: медицината и религијата – патишта на соработката, духовните вредности во праксата на семејните односи и образованието и улогата на религијата и психотерапијата во лекувањето на состојбите на зависност.

Известува: Sedmitza.ru