Се одржа седница на Светиот Синод на Грчката Православна Црква
 
 
 
 
 

Се одржа седница на Светиот Синод на Грчката Православна Црква (18.11.2008)

Во понеделник, на 17 ноември се одржа редовно заседание на Светиот Синод на Грчката Православна Црква под претседателство на Неговото Блаженство Архиепископот Иероним, соопштува „Ромфеа“.

Светиот Синод ги утврдил:

- буџетот на приходи и расходи за 2009 година на централната финансиска служба на Црквата;

- учеството на Грчката Црква на V-та поклоничка конференција, којашто ќе се одржи во Москва на 17 декември 2008 година.

Исто така биле донесени решенија во врска со актуелни службени прашања.

 

 

Извор: Pravoslavie.ru/Romfea