Нова сеправославна средба на островот Родос
 
 
 
 
 

Нова сеправославна средба на островот Родос (12.01.2009)

Нова меѓурелигиска и меѓуправославна средба во наредните месеци ќе се одржи на островот Родос, според информациите на грчката агенција „Ромфеа“. Според неа, Цариградскиот патријарх Вартоломеј има амбиција да го направи островот Родос „центар на Православието“. Така се вели во неговото слово, произнесено на островот во октомври минатата година, за време на посетата на поглаварите и претставниците на помесните Православни Цркви по повод годината на свети апостол Павле.

Островот Родос не е за првпат средиште на меѓуправослави и меѓурелигиски активности. Во почетокот на 60-те години тука започнале редица сеправославни советувања заради подготовка за Сеправославен собор, т.е. нов Вселенски собор на Православната Црква. После, во 70-те години овие советувања продолжиле како „сеправославно предсоборни“ и на нив се подготвувале документите за сеправославен собор што претстои. Но, политичиките промени во Источна Европа, ослабувањето на влијанието на Руската Црква, засилувањето на улогата на Цариградската вселенска Патријаршија и други фактори доведуваат до конфликти меѓу Москва и Цариград, Москва и Букурешт и др. Како резултат на тоа запира процесот на подготовка на сеправославен собор, каков немало повеќе од илјада години.

Во последните две години, известува „Ромфеа“, на Родос се одржаа подготвителна средба за генералниот собор на Конференцијата на европските цркви (одржана во Сибиу, Романија, во 2007 г.) и во јуни 2008 г. - подготвително советување на православните претставници за средбата на поглаварите во октомври 2008 г.

Навистина нема друго место во Европа, каде што се одржуваат толку редовно сеправославни активности. Според „Ромфеа“, од Патријаршијата во Фанар уште во октомври минатата година патријархот Вартоломеј започнал со осмислување за свикување на нареден Вселенски собор (без да се прецизира датата). Веројатно за место на соборот ќе биде предложен островот Родос.

На Соборот ќе му претходат редица сеправославни советувања на коишто треба да бидат прецизирани подробностите, како и многуте „горечки“ теми, кои го разделуваат во моментов православниот свет.

Митрополијата на Родос веќе ги разгледува можностите да го организира на своја територија долгоочекуваниот Вселенски собор. Во врска со тоа, Митрополитот на Родос Кирил изјави дека ќе биде забрзана работата околу градењето на „Патријаршиски центар“ на островот, после „зеленото светло“ коешто му го дал лично Патријархот Вартоломеј, како и градењето на нов катедрален храм посветен на Благовештение.

 

Извор: Ромфеа, Дверибг.нет