Свијанзк: Православни богатства во муслиманска република
 
 
 
 
 

Свијанзк: Православни богатства во муслиманска република (19.01.2009)

Иако на прв поглед чисто муслиманска република со силни национални особини и традиции, Татарстан има многу почитувани светилишта на Руската Православна Црква. Главниот град на Татарстан пак стриктно го почитува правилото кое го одредува бројот на црквите и џамиите во своите граници.

 

Регионот може да се пофали со единствени руски цркви и манастири кои се зачудувачки сликовити, со моќната Волга на едната и пречистата шума која ги покрива косините на степата на другата страна.

 

Свијанзк е мал остров на Волга, узводно од Казан. Местото, колку што ми е познато, никогаш не импресионирало ниеден турист. Штрчејки над површината на реката, тоа изгледа како остров од некоја сказна, каде што рускиот живот запрел некаде во добриот, стар среден век. Не така одамна, всушност, тоа и беше еден изолиран остров (иако навистина стана таков откако се изгради хидроцентрала на Волга), и единствениот начин да стасате таму е со чамец, и тоа само по себе представува предизвик да стасате во Свијанзк, освен ако не поминувате покрај него со некој од туристичките бродови кои крстосуваат низ Волга.

 

Сепак, браната од хидроцентралата го поврза местото со копно, така што сега се очекува стален прилив на туристи. Уште повеќе што Свијанзк беше ставен на листата на чекање на УНЕСКО, како споменик на природни и културни богатства. Некои туристи доаѓаат преку лето овде, но во зима, местото е скоро наполно напуштено. Мнозинството домашно население, околу стотина луѓе, го напуштаат Свијанзк во студените денови. Спрема тоа, местово во зима е неверојатно впечатливо, со неколкумина или воопшто без луѓе на километри наоколу, и огромната белина на снегот и мразот на Волга, стиснати помеѓу двете обали на големата река.

 

Местово буквално живее во минатото. Сѐ започнува со Царот Иван Грозни, кој го основа овој изолиран остров во соседството на Казан. Стрмните брегови на реката и осаменоста на островот го прават добра предстража пред последната одбрана на престолнината од нападите на во тоа време моќните Канати.

 

Најстарата црква Света Троица однадвор е новостилска, но внатрешноста ја сочувала нејзината оригиналност. Кога зидовите би зборувале, сигурно би раскажувале за царот Иван Грозни, кој овде се молел во 1551 година. Затоа, не дозволете изгледот да ве залаже. Бедниот изглед можеби ќе ве обесхрабри, но секој облак има своја светла линија. Со векови лошото време го истурало својот гнев, но ги оставило мнозината куќи и цркви непроменети. Ако сакате да патувате низ времето, тогаш одете во Свијанзк.

 

Улиците и патот во Свијанзк никогаш не беа поплочани, а изгледа дека последната видна градба е изведена во почетокот на 20-от век, со подигањето на огромната црква на Пресвета Богородица, изградена од црвени тули во византиски стил, која е доминантна градба на островот. Може да се посети исто така камената катедрала Вознесение на Богородица, првобитно изградена во средината на 16-тиот век од признатиот градител на соборната црква на свети Василиј.

 

Главната одлика на катедралата е скриена во нејзината внатершност: сите зидови и таванот се декорирани со истиот сјај како во соборната црква на Вознесение на Богородица во Московски Кремљ. Шетајки низ улиците се приметува мрачната пропаст и падот на станбената област и на целата инфраструктура.

 

Сега, Свијанзк претставува една контроверзна слика. Во една рака импресионира со отсутноста на каков било знак на модерното време и идилична атмосфера на далечните манастири, но од друга страна е лик на непроценливи споменици пропаднати на делчиња, сиромаштија и очај. Сепак, величенствениот пејзаж на Волга, можеби е добра причина да за посета.

 

                                   

 

                                             

 

Извор: Directions to Orthodoxy