Православен информативен центар во Благоевград (Бугарија)
 
 
 
 
 

Православен информативен центар во Благоевград (Бугарија) (19.02.2009)

На 16 февруари 2009 година, Неврокопскиот Митрополит Натанаил го освети Православниот информативен центар, кој се наоѓа на плоштадот Македонија во Благоевград. Православниот информативен центар ќе пренесува информации за Неврокопската епархија, православните центри, цркви, манастири.

Центарот ќе се занимава со образовна и просветна дејност. Тука ќе бидат организирани курсеви по иконопис, веронаука, црковно пеење и т.н. Ќе се организираат средби со познати личности, ќе се разгледуваат проблемите на парохијаните.

Православниот информативен центар во Благоевград ќе организира и екскурзии, детски кампувања и други форми на работа со децата и возрасните.

 

Извор: Православие.бг, Патриархиа.ру