За првпат изложба на светогорското богатство во Париз
 
 
 
 
 

За првпат изложба на светогорското богатство во Париз (09.04.2009)

Од 10 април до 5 јули оваа година во Музејот за ликовна уметност „Petit Palais” во Париз ќе се одржи изложба „Атон и Византиската империја. Светогорско богатство“. За првпат богатствата на црковната уметност на атонските манастири ќе ги напуштат пределите на полуостровот и на Грција за да бидат видени одблиску од толку широка публика. Уникатната збирка содржи околу 200 експонати кои датираат од Византиската империја од десет грчки обители на Света Гора (Ватопед, Ивирон, Дионисијат, Ксенофонт, Симонопетра и др.). Повеќето од нив никогаш досега не биле изнесувани од манастирите, освен еден мал дел за изложбата во Солун во 1997 година.

Освен светогорските светињи, посетителите ќе можат да се запознаат и со историјата на визнатискиот иконопис преку богатата колекција на икони. Изложбата содржи и мноштво вредни ракописи и црковни и богослужбени предмети. Многу од нив сведочат за врската на монашката заедница со империјалната власт – претставен е дел од архивите на Атон, серија од царски декрети и императорски подароци за манастирите.

За отворањето на изложбата денес во Париз специјално ќе пристигне Цариградскиот Патријарх Вартоломеј.

 

Извор: Дверибг.нет