Рускиот Патријaрх Кирил ја посети редакцијата на порталот „Патриархия.ru“
 
 
 
 
 

Рускиот Патријaрх Кирил ја посети редакцијата на порталот „Патриархия.ru“ (16.04.2009)

На 14 април Неговата Светост Патријарх Московски и на цела Русија ја посети административната зграда на Московската Патријаршија. Патријархот ги разгледа сите простории во кои сега се наоѓаат различните служби на Патриаршијата.

 

Во таа зграда многу години се наоѓал Одделот за надворешните црковни врски и овде работел, како претседател на Одделот, блаженопочинатиот митрополит Никодим.

 

Откако ги разгледа просториите, Патриjархот ја посети редакцијата на порталот „Патриархия.ru“ и се запозна со работата на редакцијата.

 

На Патриjархот му беа покажани оддели од кои се објавуваат новости, архив на фотоматеријалите, видеомонтажна и други простотии на редакцијата на порталот и Прес-службата на Московската Патријаршија. М. Ю. Моисеев на Патријархот му подари албум со фотографии од Помесниот Собор и од церемонијата за избор на новиот Поглавар направени од Прес-службата.

 

Патријархот Кирил ги благослови соработниците на редакцијата и им посака Божја помош во нивната работа.

 

                           

 

Извор: Патриархиа.ру